Вељаноски-Топали:Македонија и Албанија заедно да работат за влез во ЕУ

Трајко Вељаноски

Претседателите на македонскиот и на албанскиот парламент Трајко Вељаноски и Јозефина Топали по денешната средба оценија дека односите меѓу двете земји се на високо ниво. Вељаноски изјави дека Албанија е уште еден пријател на Македонија во НАТО и заедно треба да работат за интегрирање во европското семејство. Топали изрази надеж дека Македонија ќе добие позитивни сигнали на НАТО самитот во Чикаго, затоа што тоа го заслужува.
Вељаноски и Топали разговарале за интензивирање на парламентарната и на економската соработка, а станало збор и за меѓуетничките односи.