Бериша со критики до Спахија за анти-геј изјавата

Албанскиот премиер Сали Бериша го критикуваше заменик министерот за одбрана Екрем Спахија затоа што изјавил дека оние кои планираат да учествуваат во геј парадата во земјата „ треба да бидат претепани со палки“.
Бериша изјави дека забелешките на Спахија „се неприфатливи“ и оти станува збор за „ексцес“, јавуваат албанските медиуми, пренесува МИА.
Албанските организации за заштита на правата на хомосексуалците во петокот соопштија дека имаат намера на 17 мај во Тирана да ја оддржат првата Парада на гордоста во Албанија.