Груевски задоволен од интересот на Катар за инвестирање во Македонија

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски за време на посетата на Катар оцени дека во земјата псотои голем интерес и политичка волја за инвестирање во Македонија. Владината делегација на средбата разговарала и за конкретни и специфични проекти во областа на туризмот, енергетиката и градежништвото.
Груевски изјави дека е задоволен од посетата, која досега е над неговите очекувања. Според него, интересот ќе треба да се конкретизира со доаѓањето на специјална делегација од Катар, која ќе ги анализира проектите и ќе донесе одлука за инвестирање.