Панета - Меѓународната заедница е обединета против нуклеарните амбиции на Иран

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета изјави дека меѓународната заедница за прв пат е обединета против намерата на Иран да произведе нуклеарно оружје. Во интервју за телевизијата Ал Хура во Абу Даби, Панета оцени дека санкциите против Иран даваат резултат и оти Вашингтон верува дека сеуште е можно дипломатско решение за кризата со иранската нуклеарна програма. Тој не верува дека Израел веќе донел одлука за воана акција против Иран.