Панета на разговори во Киргизстан

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета престојува во Киргизстан. Една од темите на разговори со неговите домаќини е аеродромот Манас кој служи за транзит на американски сили и опрема во Авганистан. Не е предвидено тој да се сретна со шефот на државата Алмазбек Атамбаев кој во минатиот месец изјави дека по 2014 година не треба да остане ниту еден американски војник во Манас.