Грција денеска ќе изврши размена на обврзници

Грција денеска треба да изврши замена со приватните кредитори на старите обврзници за нови, чија вредност е двојно помала од првобитната, по неколку дена откако обезбеди најголем отпис на долгот во историјата.
Министрите за финансии на 17 земји од еврозоната денеска во Брисел треба да го одобрат и вториот пакет помош за Грција.
Отписот на долгот беше еден од најважните предуслови за ослободување на 130 милијарди евра од пакетот помош без кој Грција ќе доживееше банкрот.