Кривични пријави за „тепачите “ во автобусот „58-ца“

Macedonia - Bus on the street in Skopje, 16Feb2010

Министертвото за внатрешни работи поднесе кривични пријави против седум момчиња поради сомнение дека учествувале во нападот врз неколку патници во автобусот со број 58 на 7-ми март. Во соопштението од Министертвото е наведено дека тие се осомничени за насилство, загрозување на безбедност и оштетување на автобусот. Вчера во полициската станица Гази Баба, повредените патници ги препознале „тепачите“ кои ги нападнале со метални прачки и дрвени палки. Приведените осомничени денеска ќе дадат изјава пред истражен судија.