Мекејн повика САД да предводат воздушна кампања против Асад

Американскиот републикански сенатор и поранешен претседателски кандидат Џон Мекејн

Американскиот републикански сенатор и поранешен претседателски кандидат Џон Мекејн ги повика САД да предводат меѓународна кампања на воздушни напади за справување со силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Мекејн говорејќи пред Сенатот на САД ја обвини сириската влада за воени злосторства во обидот да ги сузбие опозициските сили во земјата.
Мекејн изјави дека САД имаат морална и стратешка обврска да се справат со Асад и со неговите приврзаници.
Мекејн претходно ја повика меѓународната заедница да обезбедат оружје и друга помош за бунтовниците кои се борат против Асад.