Временска прогноза-облачно со улови за дожд

Времето денеска во Македонија преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови влажноста ќе се зголеми, а во западните и јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места ќе има повремен снег. Утринската температура се движи од минус шест до два, а дневната од шест до 12 степени. Во Скопје температура ќе се искачи до девет степени.