Клинтон со предупредување до Пакистан

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон го предупреди Пакистан дека може да се соочи со последици доколку го продолжи проектот за изградба на гасовод со Иран.
Според неа, САД го охрабруваат Пакистан со помошта што ја добива од земјата во износ од милијарди долари да пронајде алтернативно решение, односно да работи на изградба на гасовод со Туркменистан, Авганистан и Индија.