Германскиот парламент го одобри планот за спас на Грција

Германскиот парламент

Германскиот парламент го одобри последниот план за спас на Грција. Пратениците гласаа за пакетот во износ од 130 милијарди евра, кој беше усвоен од еврозоната во минатата недела. Само 90 пратеници биле против, а 496 го одобриле.
Претходно канцеларката Ангела Меркел ги повика пратениците што побрзо да гласаат за одобрување на пакетот, но изјави дека никој неможе да обезбеди 100 процентна гаранција за неговиот успех.