Ден на жалост за жртвите од невремето во Косово

Во Косово денеска е прогласен ден на жалост за жртвите од невремето во селото Рестилица, општина Драгаш. На сите државни и јавни претпријатија во земјата занимањата се поставени на половина копје, а одложени се и сите културни и спортски активности планирани за денеска.
Косовската влада искажа жалење и сочувство до семејствата на настраданите. Најмалку десет лица го загубија животот, кога лавина затрупа 12-тина куќи во селото, а едно лице се уште се води за исчезнато.