Партијата на Филип Петровски премина во ВМРО ДПМНЕ

Демократска десница преминува во ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата, Филип Петровски изјави дека тие решиле да го прифатат повикот за обединување и окрупнување на десницата. Според него, овој тренд кој што извесно време се случува е во правилна насока и ќе овозможи на ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија да продолжи да ја спроведува својата програма, да има поголема поддршка на политички план и да доведе до посериозни реформи.
Пред десетина дена членството на ВМРО-НП предводено од претседателот Марјан Додовски се врати во матичната ВМРО-ДПМНЕ.