Порно скандал во Индија - 3 регионални министри поднесоа оставки

Индија - аархива

Три министери во владата на јужната индиска држава Кларнатака поднесоа оставки откако на ТВ беа прикажани како гледаат порно видео на мобилен телефон за време на седница на Парламентот.
Станува збор за министите за жени и деца, за пристаништа и за соработка. Министерот за соработка Лахман Савади изјавил дека тие го гледале клипот за да се подготват за дебата.
Порнографијата во Индија е нелегална, но е широко распространета.