Протести во Тибет, најмалку еден загинат

Најмалку еден човек загинал за време на протестниот марш во Тибет. Луѓето протестираат барајќи поголема верска слобода и ставање крај на корупцијата. Извештаите за бројот на жртви на протестниот марш се различни. Тибетските невладини групи велат дека најмалку тројца загинале кога полицијата отворила оган кон луѓето што протестираат, додека Радио Слободна Азија јавува дека бројот на убиени може да достигне шест. Насилствата се случиле во провинцијата Сечуан. Службената кинеска новинска агенција Ксинхуа објави дека еден демонстрант е убиен, а петмина полицајци повредени во судирите, но не споменаа употреба на огнено оружје.