Еврозоната расправа за грчката должничка криза

Министрите за финансии на 17-те земји членки на еврозоната се среќаават на разговори за грчката должничка криза. Еврозоната сака банките и другите финансиски институции доброволно да ги заменат нивните стари грчки обврзници со нови, но со половина од номиналната вредност, од
носно да простат половина од грчкиот долг. Сепак, се уште има несогласувања за каматите што Грција ќе треба да ги плати за новите обврзници.

Грција вчера не се договори со приватните кредитори за отпишување на дел од долгот, но грчки претставници велат дека преговорите ќе продолжат телефонски.

Европските лидери лани начелно се договорија приватните кредитори доброволно да отпишат половина од долгот на Грција.