Ружди се повлече од литературен фестивал во Индија

Британскиот автор од индиско потекло Салман Ружди реши да не учествува на годинашниот литературен фестивал Џаипур во Индија по протестите на екстремните муслимански клерици. За тврдокорните исламисти книгата на Ружди „Сатански стихови“ е богохулење.
Во минатото тој учествуваше на овој фестивал. Ружди се криеше повеќе години откако иранскиот верски лидер Ајатолахот Хомеини побара тој да биде убиен поради книгата која е забранета и во Индија.