Група славни личности во Русија формираа Лига на набљудувачи што ќе работи на спречување изборна измама на претседателските избори во март. Групата од 16 луѓе од културата, меѓу кои и популарниот писател Борис Акуњин се надеваат дека ќе го зајакнат набљудувањето и ќе овозможат фер гласање за да се спречи повторување на спорните парламентарни избори од минатиот месец.