Доживотен затвор за двајца Британци за расистичко убиство

Осудените Гери Добсон и Дејвид Норис сега имаат 36, односно 35 години.

Британскиот суд осуди двајца мажи на доживотен затвор за убиството на црниот тинејџер Стивен Лоренс.

Лоренс бил избоден до смрт во април 1993 година на автобуска станица во Лондон. Него го нападнала банда млади бели момчиња кои извикувале расистички слогани.

Двајцата, кои во време на нападот имале помалку од 18 години, прво беа осудени на 15 и 14 години затвор, но на повтореното судење на кое беа изнесени нови форензички докази добија доживотен затвор.