Иран тестираше нова ракета

Иран денеска тестираше ракета земја-воздух со среден домет во рамки на воените маневри кои се спроверуваат во Персискиот залив, соопшти иранскиот адмирал Махмуд Мусави.
Тој соопшти дека ракетата е конструирана во Иран, денеска била тестирана за прв пат и дека има капацитети да ги уништи сите латала и проектили кои ќе се обидат да и застанат на патот. Иранскиот адмирал не соопшти дали ракетата е истрелана од копно или од брод.
Лансирањето на проектилот доаѓаат во време кога западните држави го зголемуваат притисокот врз Техеран поради неговата нуклеарна програма. Иран ги отфрла санкциите кои Вашингтон ги наметна кон Исламската Република. За иранските власти новите економски санкции од САД се залудни и неоправдани.