Не стравувајте - не е крај на светот

Калеидоскопот над Сиднеј Опера Хаус на 1 jануари 2012.

НАСА соопшти дека нема докази дека Нубиру постои и оти на 21.12.2012 ќе удри во земјата што би предизвикало Апокалипса.
НАСА објави дека светот во 2012 не треба да стравува дека планетата Нибиру, за која нема докази дека постои, ќе удри во земјата и дека на 21.12.2012 ќе се случи Апокалипсата, крајот на светот, според календарот на Маите.

Имено, многумина предвидуваа и главно се држеа до календарот на јужно-американските Маи, но астрономите на НАСА уверуваат дека крајот е далеку.
Нибиру е мит, како и календарот на Маите и нема да донесе деструкција на Земјата.

Верувале или не во митови и легенди, стотици милиони луѓе во светот синоќа на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови… или во семејна атмосфера во домовите, ја испратиja 2011 и ја пречекаа Новата 2012 година.

Во Азија и Австралија, Новата 2012 година дојде пред Европа. Уште во 11 часот по средноевропско време жителите на Самоа, Токеалу и редица острови во Пацификот ја прославија Новата 2012-та година.

Самоа - Нова Година 2012


Потоа стигна на стариот континет каде што се беше речиси исто како и лани. Во Лондон повеќе стотици илјади луѓе присуствуваа на традиционалната новогодишна прослава на Темза, каде ги очекуваше десетминутен огномет придружуван со музика.

Во Париз, како и претходните години, беа забранети пиротехнички средства поради безбедносни причини.

Во Пекинг беше имаше ласерско шоу на 600 години стариот Небесен храм. Жителите на главниот град на Кина, сепак не беа поканети, бидејќи комунистичкиот режим стравува дека секој народен собир би претставувал безбедносен ризик.

И на крај Новата година стигна и во Америка, а во Њујорк главна беше Лејди Гага. Пред околу еден милион луѓе, Лејди Гага го притисна копчето на полноќ и познатата кристална топка се издигна над Тајмс сквер.