Израелски воздушен напад врз Појасот Газа

Најмалку еден Палестинец загина, а двајца се ранети при израелски воздушен напад врз Појасот Газа, соопштија палестинските власти. Се уште е непознато дали има и други жртви по нападот. Изралеските медиуми јавуваат дека загинатиот Палестинец бил член на движењето исламски Џихад, но преставници на движењето тврдат дека ниту еден од нивните членови не бил погоден. Израелската војска соопшти дека нападот е одговор на неодамнешните „терористички активности“.