Желби за 2012 - Здравје и вработување

Во 2012 година, граѓаните очекуваат здравје и по можност вработување. Од политичарите веќе никој ништо не очекува.
На прагот на новата година, децата му пишуваат на Дедо Мраз, тие пораки најчесто ги читаат родителите па им ги исполнуваат, секој според можностите. Но што си посакуваат оние возрасните?! Здравје, успех, пари, вработувања, по некое патување, главно тоа се желбите на граѓаните за Новата година.
Ќерка ми да се вработи, само што дипломираше и да си ги полага испитите на постдипломски, тоа ќе биде успех и за мене.
Анкетиран граѓанин.

„Во новата година очекувам љубов, здравје и да отидам на Хаваи.“

„Ќерка ми да се вработи, само што дипломираше и да си ги полага испитите на постдипломски, тоа ќе биде успех и за мене.“

„Да бидеме живи и здрави, што друго?“

„Успех повеќе и факултетот, да ми оди учењето.“

Но ако ги прашате што очекуваат од политичарите, тука одговорите се поскромни. Креваат раменици, негодуваат, велат дека веќе одамна од нив не очекуваат ништо.
За мене е добро, со жената зедно земаме 30 илјади, за вас млaдите не чини.
Анкетиран граѓанин.

„Од Владата? Моментално не очекувам ништо.“

„Не, не ме интересира тоа мене, и сами гледате како е. За мене е добро, со жената зедно земаме 30 илјади, за вас млaдите не чини.“

„Би требало да подобрат нешто.“

За тоа кои се вашите очекувања за следната година, може да коментирате во рубриката Хајд парк.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Очекувања од Новата Година

Граѓаните треба да се изборат за да се сменат некои работи во земјата, велат експертите. За да се подобри состојбата и тие треба да бидат учесници во општеството.
Оној синдром, не може ништо да промени се додека не се влоши ептен, изгледа дека таа тенденција пак ќе ја следиме.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

„Единствен услов да се тргне напред е да се лоцираат проблемите. Понатаму да се работи на нив, притоа секој треба да работи колку што може. Не само политичарите, туку и самите граѓани. И ако јавноста, односно граѓаните не се доволно критички настроени, стануваат лесен плен на манипулации“, вели професор Здравко Савески.

На овој народ за да му се раздени, треба ептен да му се стемни, вели професор Алајдин Демири.

„Луѓето се освестуваат. Онаа тенденција на Балканот, оној синдром, не може ништо да промени се додека не се влоши ептен, изгледа дека таа тенденција пак ќе ја следиме.“

За следната година властите најавија дека ќе продолжат со реформите, ќе се насочат на приоритетите како што се економијата и евроатланското интегрирање.

Скопје пред Нова Година