Кражба во руска фабрика за платина

Вооружени лица провалиле во руска фабрика за платина при што украле 40 шипки од платина во вредност од 5 милиони и 700 илјади долари. Ограбувачите, како што јавуваат локалните медиуми, ги држеле под нишан работниците од третата смена во фабриката која се наоѓа во градот Астракан, на околу 1300 километри јужно од Москва. Полицијата поставила блокади на патиштата. Се верува дека во групата имало 12 лица.