Илјадници Чеси му оддаваат почит на Хавел

Илјадници Чеси денеска ја следеа поворката со ковчегот на починатиот Вацлав Хавел, кој низ стариот дел на центарот на Прага, преку Карлов Мост, беше пренесен до прашкиот замок Храдчани, каде што ќе биде изложен во наредните два дена.

Актуелниот претседател Вацлав Калус на комеморацијата изјави дека Хавел ќе остане извор на инспирација, и оти неговите идеи, неговото лидерство ќе останат секогаш запаметени.

Во Чешка, од денеска, е тридневна жалост, а погребот на Хавел ќе биде во петок, за кога е најавено присуство на повеќемина светски државници.