Прикажани снимки со ковчегот на починатиот Ким Џонг Ил

Севернокорејската државна телевизија денеска го прикажа телото на починатиот лидер Ким Џонг Ил во застаклен ковчег. На снимките се прикажува како неговиот најмлад син Ким Џонг Ун и други официјални личности положуваат цвеќина крај ковчегот кој е изложен во Меморијалниот центар Кумсусан во Пјонгјанг. Вчера беше соопштено дека 69 годишниот Ким Џонг Ил починал во саботата од срцев удар. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон се надева оти Северна Кореа ќе го следи патот на мирот и побара поголема соработка со меѓународната заедница. Таа изрази подготвеност на Соединетите држави да му помогнат на севернокрејскиот народ.