Министерот Бесими во посета на Пекинг

Делегацијата од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, предводена од министерот за одбрана Фатмир Бесими која престојува во Кина, денеска во Пекинг ќе го посети Центарот за обука за операции за чување на мирот.
Зајакнување на досегашната позитивна соработка и отворање нови можности за нејзино продлабочување, размена на искуствата во однос на реформите во областа на одбраната и поддршка во меѓународните мировни мисии, беа во фокусот на разговорите на вчерашните средби на министерот за одбрана Фатмир Бесими со министерот за одбрана на Народна Република Кина, генерал Лианг Гунагли и со потпретседавачот на Централниот воен комитет, генерал Гуо Боксиан, јави МИА
Македонскиот министер за одбрана го посети и Националниот универзитет за одбрана.