2011: Македонија низ фотографиите на РСЕ

Годината почна со молитва за успех, Јануари 2011

За некого годината почна со протести, први тутунарите. Јануари 2011

За некого годината почна со протести, први тутунарите. Јануари 2011

Па и универзитетските професори. Јануари 2011

Промоција на продавници со евтини производи за сиромашните. Јануари 2011.
Каде се сега?

Една од главните атракции на карневалот во Вевчани, апсењето на Велија Рамковски. Јануари 2011

А и проектот Скопје 2014-та, Јануари 2011

Кампања против абортусот и со билборди. Февруари 2011

Македонците беа евакуирани од Либија. Дојдоа во Софија, ги пречека Ханџиски. Февруари 2011. 

Груевски во Вашингтон го виде Бајден, кој му изрази загриженост за состојбите во Македонија. Доби и задача да го реши проблемот со името. Февруари 2011

Се видоа и со Хилари Клинтон, а пораката иста, но и загриженост за состојбите во Македонија. Февруари 2011

Откако го испокритикуваа, барем достојно го испратија. Фуере си замина од Македонија. Февруари 2011

Таксистите на протест во Скопје. Февруари 2011

Црква - Музеј на Кале ги разгоре меѓуетничките страсти, Март 2011

Меѓу-национален инцидент на Кале, Март 2011

Расправа по тужбата на Македонија против Грција во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Март 2011

Отворен Меморијалниот Музеј на Холокаустот, Март 2011

Црвенковски и Груевски на лидерска за надминување на политичката криза. Март 2011

А1 емитува вести од пред Владата, ама ни тоа не помогна, Март 2011. Веќе не емитува ништо.

Карневал во Струмица. Март 2011

Македонскиот џез гитарист Владимир Василевски четкар. Март 2011.

Отворен музејот на Тоше Проевски, Април 2011.

Иванов и шефот на диплмоатијата на Русија, Лавров во Охрид. Да имаше Македонија море, можеби и погледот ќе одеше подалеку. Април 2011.

Дојдоа туристи во Охрид, и тоа холандски, па ги дочекавме како државна делегација, заедно и со амбасадорката Симоне Филипини. Мај 2011

Ден на Европа, децата слават, можеби тие ќе дочекаат Македонија да стане членка на ЕУ. Мај 2011.

Али Ахмети самоуверен и не се жали премногу во владата на Груевски. Мај 2011. 

Бранко гласа, се разбира за себе! Јуни 2011.

Предвремени избори 2011. СДСМ ги бараше, ВМРО-ДПМНЕ победи.

ВМРО-Народна на Љубчо освои 0 пратеници. Јуни 2011.

Тарабите околу градбите во Скопје, вистинско место за предизборни плакати.

Предвремени избори 2011. СДСМ ги бараше, ВМРО-ДПМНЕ победи.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи се чини има за објаснување зошто пак загубија од ДУИ.

Членки на организациите на жени на НСДП и СДСМ протестираат против Владата и проектот „ Скопје 2014“ откако на градилиштето загинаа двајца работници

Протести против полициската бруталност. 2011

Ај честито нов мандат. Јуни 2011.

Конститутивна седница на новиот парламентарен состав. Јуни 2011.

Александар во Скопје. Дојде на парчиња, оти е многу Велики. Јуни 2011.

Воинот на коњ пристигна на плоштад. Јуни 2011.

Александар се издигна во Скопје. Јуни 2011.

Копмлексот Косомос на Фијат Цановски, откако тој помина во опозиција, отиде во вселената. Легално, нелегално, го урнаа. 2011

Филип Рикер, амбасадор на САД, го одликува генерал Мирослав Стојановски. Јуни 2011.

Легендата на Ливерпул Џон Тошак, стана селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Повеќе успеси догодина. 2011 

Скопје доби уште една градска плажа. Лето 2011.

Охридско лето. Претставата Свадбата на Фигаро. Јули 2011.

На мета на лустраторите невладината Сорос. Милчин кодош, не е кодош, има докази, нема докази. Јули 2011.

Фолклорен фестивал Пеце Атанасовски. Јули 2011

Кристален глобус во Карлови Вари, Чешка, за филмот Панкот не е мртов на режисерот Владимир Блажевски. Јули 2011.

Струшки вечери на поезијата, Август 2011. 

Трајко Велјановски, на Илинден, говереше во Крушево.Август 2011. 

Иванов пред Ченто во Скопје на Илинден. Август 2011.

Груевски и на Илинден работно, со лопата во раце. Август 2011

Пливачки маратон во Охрид, Август 2011. 

Концерт на Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ. Август 2011.

Гореше националниот парк Пелистер. Август 2011.

Новинарите протестираа поради состојбата со медиумите во Македонија, па потоа добиваа откази. 2011

Дојде новиот американски амбасадор во Македонија Пол Волерс. Септември 2011.

Одбележување на 10 годишнината од рамковниот договор, повеќе вреднуван во странство отколку дома. 2011

На Груевски не му се допаѓа тоа што му го кажа Филе. Прво името, па потоа датум. Ако не, следната година нема да има ни препорака. Септември 2011.

Ричар Ховит, новиот известувач во ЕП за Макеонија, дојде како пријател и зборуваше отворено, но на Владата не и се допаѓаше вистината. Септември 2011.

Реџеп Таип Ердоган во Скопје. Турција искрен пријател на Македонија, но турските инвеститори нешто не невалуваат. Септември 2011.

По Лондон и Скопје со двокатни автобуси. За туристи супер, за скопјани проблематични. Септември 2011.

Турски ТАВ ни направи нов аеродром во Скопје. Септември 2011.

Прослава на денот на независноста. Септември 2011

Прослава на денот на независноста. Септември 2011

И парада... 20 годнини независност. Септември 2011

Прослава на денот на независноста. Не е битно колку пари чини, битен е спектаклот. Септември 2011.

20 години независност, илјадници години фаланга. Септември 2011.

Акција за отстранување на питачите, но не баш успешна. Септември 2011.

Спектакли, леб и игри. Септември 2011.

Поранешните премиери на Македонија на иста маса. Ретка прилика. Септември 2011. 

Грците штрајкуваа, па и границата со Македонија беше затворана. Септември 2011.

Груевски на Генералното Собрание на ОН. Септември 2011.

Груевски се виде и со Бан Ки Мун, преговорите за името продолжуваат или стојат во место? Септември 2011.

Дојдоа и училишни автобуси, подарок од Кина. 2011

4-то место на европското првенство во кошарка. Септември 2011.

Малку поводи има за големо славје во Македонија. Величествен пречек на кошаркарите во Скопје. Септември 2011.

Можеби најсветлата точка во 2011. Успехот на македонските кошаркари. Дочекани во Скопје како херои. Септември 2011. 

Малку поводи има за големо славје во Македонија. Величествен пречек на кошаркарите во Скопје. Септември 2011.

Берлускони си поднесе оставка, што ли совет му даде на Груевски во Рим. Октомври 2011.

Се запали новиот театар, за среќа без поголеми последици. Октомври 2011.

Драган Даутовски на задоволство на публиката. Октомври 2011.

Теута Арифи амбициозно во евро-интеграција, но името и натаму пречка. Октомври 2011.

Комесарот за проширување Филе датум не ни даде, па доби еден куп писма. Октомври 2011.

Мирка и компанија направија ршум во ЕП во Брисел. Септември 2011.

Граѓаните масовно го потпишуваат „Манифестот на Македониумот“.  Кому и што докажуваат? Ноември 2011.

Емирот од Катар во Македонија. Инвестиции, бизнис зделки ??? Октомври 2011. 

Окупирај го Скопје, како дел од движењето Окупирај го Вол Стрит. Нешто слабо окупатори на скопската акција. Октомври 2011.

Аирлија минимална плата, ама не за сите. Октомври 2011.

Обвинетиот одгледувач на марихуана, Душко Илиевски, на крај испадна дека е невин. Но, кога требаше, беше тргнат настрана. Октомври 2011.

Меѓународен ден за борба против насилството врз жената. Ноември 2011.

Груевски ги привлекува и Јапонците да дојдат во Македонија. Ноември 2011

Затворите во Македонија сеуште под стандардите, Ноември 2011

Запалено македонското знаме. Кој, каде зошто, МВР не откри. Ноември 2011.

Меѓу-етнички навреди и инциденти на спортските терени. 2011.

Македонските ракометари во Јануари во Србија подготвени да го повторат успехот на кошаркарите. Ноември 2011.

Гаро и браќата Тавитијан го промовираа новиот албум. Ноември 2011.

Сечи дрва кај што има, сади кај што нема. Ноември 2011

Уште една акција за садење дрвја. Сите акции да беа успешни, Македонија ќе беше Амазонија. Ноември 2011.

Двете лица на Македонија. Некаде уште нема вода. Вранештица, Ноември 2011.

Никако да научиме дека скулптурите во Скопје немаат и практична употреба. Ноември 2011.

Брат Љубе куртули од Хаг, ама не и од Скопје. Доби 7 години затвор. Ноември 2011.

Настап на мандолинскиот оркестар. Ноември 2011.

Театарска претстава во автобус, во меѓувреме, турбо фолк музика. Ноември 2011.

Велешани не сакаат топилница, доста им е загадување. Ноември 2011.

Како потсетување, градбите продолжуваат. Ноември 2011.

Битката на анти-корупционерите продолжува, но за докажување дека не работат селективно. Ноември 2011.

Вранишковски повторно уапсен. Можеби ќе убедува затвореници да му се придружат. Декември 2011.

Победа во Хаг, а Грција не е поразена, Декември 2011

Македонскиот државен врв ја чека пресудата од Хаг. Македонија е во право, но заедничка изјава дека нема победници и поразени. Декември 2011. 

Груевски во Марсеј, говореше, бараше датум, ... Декември 2011

Министерот за здравство воведуваше ред по болници, ама ... 

"String Forces" 

Почнаа да се лустрираат и новинарите, како кој, по потреба, Декември 2011

Американскиот амбасадор Пол Волерс донираше опрема за македонската полиција. Декември 2011.

Годишно обраќање на претседателот Иванов во Парламентот. За власта емотивно, за опозицијата празно. Повеже среќа и успех догодина. Декември 2011.