Путин: Резултатите од изборите во Русија се реални

Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека резултатите од парламентарните избори во Русија го одразуваат јавното мислење во земјата. За протестите на опозицијата, која тврди дека на изборите имало голем број неправилности, Путин нагласи дека протестите се прифатливи доколку се во согласност со законот. Путин денеска преку телевизијата одговара на прашања на граѓаните. На минатогодишното слично телевизиско шоу, Путин одговараше на прашања повеќе од 4 часа.