Во Хаг почна објавувањето на пресудата за тужбата на Македонија против Грција

Хисаши Овада

Во Палатата на мирот во Хаг во 10 часот почна изнесувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата по тужбата што ја покрена Македонија против Грција за прекршување на Привремената билатерална спогодба од 1995 година, со блокирањето на македонскиот прием во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година. Пресудата ќе биде објавена по образложението на случајот што го презентира претседателот на Судот Хисаши Овада, што според најавите ќе трае околу час и половина. На соопштувањето на пресудата присуствуваат шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, кои ја застапуваат Република Македонија во процесот и македонскиот амбасадор во Кралството Холандија Никола Димитров.