Медведев за претстојните избори во Русија

Претседателот Медведев и премиерот Путин

Претседателот на Русија Дмитриј Медведев кој е носител на листата на владејачката партија Обединета Русија денеска им се обрати на граѓаните по повод парламентарните избори в недела. Во говорот, пред изборниот молк што почнува на полноќ и кој директно беше пренесуван на државната телевизија тој побара од гласачите да направат вистински избор, бидејќи на земјата и треба кредибилно законодавно тело со одговорни политичари, а не, како што изјави, парламент распнат со непомирливи разлики. Тој додаде дека сите седум партии кои учествуваат на изборите имале слободна и фер предизборна трка.