Набљудувачи на изборите во Русија под притисок

Мапа на изборните нарушувања на организацијата Голос.

Руското обвинителство денеска предупреди една организација за набљудување на изборите дека е под истрага за прекршување на правилата на кампањата. На својата интернет страна, обвинителството објави дека го испратиле предупредувањето до водечката независна организација за мониторинг на изборите Голос, по барање на неколку пратеници од државната Дума, кои забележале „кршење на изборниот законик“. Голос претходно објави дека има сознанија оти се спрема изборен фалсификат. Изборите се одржуваат в недела.