Љубе Бошкоски осуден на 7 години затвор

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Основниот суд Скопје 1 денеска го осуди на 7 години затвор лидерот на Обединети за Македонија и поранешeн министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Бошкоски е прогласен виновен за незаконско финансирање на предизборната кампања и злоупотреба на службената положба. Објавувањето на пресудата во судницата предизвика револт кај членовите на неговото семејството и приврзаниците.