Светска банка со предупредување до Грција за референдумот

Претседателот на Светската банка, Роберт Зелик

Претседателот на Светската банка, Роберт Зелик ја нарече „игра со коцки“ олуката на грчкиот премиер Јоргос Папандреу за свикување референдум за новиот спасувачки план на земјата. Според Зелик евентуалното отфрлање на пакетот од грчките гласачи би предизвикало хаос.
Тој истакна дека светската економија се уште е нестабилна и оти политичките лидери треба да дејствуваат за да ја зацврстат довербата.