Програма „Форуми во заедницата“

Од спроведувањето на програмата „Форуми во заедницата“ во Дебар.

Поддршка на општините и вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуки на локално ниво, е целата на програмата „Форуми во заедницата“.
Програмата Форуми во Заедницата која во Република Македонија стартуваше во 2006 година и е финансирана од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка, до сега е спроведена во 37 општини. Главна цел на оваа програма е подршка на развојот на заедницата на локално ниво и учеството на граѓаните во донесувањето на одлуки на локалните власти за приоритетните проекти.
Инаку форумите перетставуваат алатка за вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуки на локално ниво. Во Дебар се спроведени три форуми и активноста е мошне добра.
Кристина Хаџи - Василева, раководител на Единицата за координирање на форумите.

Форумите во заедницата опфаќаат голем број граѓани, а во три општини во Македонија, меѓу кои и Дебар, учествуваа дури по три пати во оваа програма, вели Кристина Хаџи - Василева, раководителка на Единицата за координирање на форумите во нашава земја.

„До сега во програмата се вклучени 37 општини, а се спроведени 43 форуми. Бројот на општините и форумите не се поклопува поради тоа што во неколку општини се спроведени повеќе форуми, додека во други има и регионални активности на форумите, каде што две општини заедно спроведуваат еден форум. Инаку форумите перетставуваат алатка за вклучување на граѓаните ​во донесувањето на одлуки на локално ниво. Во Дебар се спроведени три форуми и активноста е мошне добра“, вели Хаџи-Василева.

Кристина Хаџи-Василева, раководителка на Единицата за координирање на форумите во заедниците.


Таа додава дека со програмските форуми покриени се 46 насто од населението во Македонија, додека пак што се однесува до покриеноста на територијата таа изнесува дури 56 насто.
Задоволни сме поради фактот што голем број граѓани се вклучени во проектните активности во одлучувањето и даваат насока во спроведување на приоритетните проекти.
Или Мирзо, советник во општина Дебар.

Во финансирањето на проектите кои ги избира локалната власт, заедно со граѓаните на форумските сесии добар дел од средствата ги обезбедува и самата општина од својот годишен буџет.

Единицата на локалната самоуправа на Дебар е задоволна од ефектите на Форумите и програмата во целина, оценува советникот во општина Дебар, Или Мирзо.

„Ние како општина сме многу задоволни од Форумите. Задоволни сме поради фактот што голем број граѓани се вклучени во проектните активности во одлучувањето и даваат насока во спроведување на приоритетните проекти кои треба да ги има Буџетот на општината.“

Граѓаните на Форумите учествуваа масовно и даваат бројни предлози во донесувањето на одлуките за приоритетните проекти, кои потоа се реализираат. Во изминатите три Форуми, Дебар реализираше неколку значајни проекти во сферата на инфраструктурата и образованието.