Комшиќ за нападот во Сараево

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Претседавачот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ изјави дека нападот на амбасадата на САД во Сараево е терористички чин, но оти БиХ не е терористичка земја. 23 годишниот Мевлид Јашаревиќ од Нови Пазар со автоматско оружје пукал врз американската амбасада во Сараево. Тој по интервенција на специјалците бил ранет. Станува збор за припадник на вехабистичка група. Видео: Тина Јелин