Oчигледен проблем со медиумите

Дуња Мијатовиќ, претставник за слобода на медиуми на ОБСЕ.

ОБСЕ ќе ја утврдува состојбата со медиумите. Во посета на Македонија, претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ.
Претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, која е во посета на Македонија, денеска се среќава со премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и со вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи. За денеска е предвидено, таа да се сретне и со претставници на ЗНМ и на Самостојниот новинарски синдикат. Мијатовиќ пристигна во Македонија вчера, а во земјава ќе остане до петок. Таа вчера се сретна со претставници на МИМ и на Високата школа за новинарство и односи со
Разговаравме за актуелните теми во врска со медиумите во Македонија, со слободата на изразување, со регулацијата, со затворањето на одредени телевизиски станици, па и печатени медиуми во Македонија.
Зоран Стефаноски, претседател на Советот за радиодиуфизија.
јавност, како и со претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стефаноски.

Тој вели дека целта на Мијатовиќ е да собере што повеќе информации за состојбата со медиумите за да формира вистинска слика за случувањата во Македонија.

„Разговаравме за актуелните теми во врска со медиумите во Македонија, со слободата на изразување, со регулацијата, со затворањето на одредени телевизиски станици, па и печатени медиуми во Македонија и се разбира за измените на законот за радиодифузна дејност во делот на Советот за радиодифузија.“

За разлика од премиерот Никола Груевски, кој по критиките во Извештајот на ЕК, изјави дека проблемот со слобода нa медиуми е наводен, Мијатовиќ со спротивен став. По средбата со претставниците на МИМ, за телевизијата Алфа, таа изјави дека проблемот со слобода не медиуми е очигледен.​

Јас сум овде пред се за да помогнам, да видам на кој начин можеме да најдеме решение за постоечките проблеми кои се очигледни во Македонија.
Дуња Мијатовиќ, претставник за слобода на медиуми на ОБСЕ.
„Јас сум овде пред се за да помогнам, да видам на кој начин можеме да најдеме решение за постоечките проблеми кои се очигледни во Македонија, да им помогнам на властите во настојувањата, некои стандарди кои се многу важни особено за општествата во транзиција да се постигнат што поскоро и новинарите да можат да ја работат својата работа слободно и без каков било притисок бидејќи тоа е најважната тема со која и работи мојата канцеларија.“

Ова е прва посета на Мијатовиќ на Македонија. Во изминатиов период таа испрати неколку писма до владини претставници во кои искажува загриженост за состојбата со слободата на медиумите во земјава.

Летоска му пиша на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски со барање да покрене иницијатива за законски измени во областа на медиумите. Првиот парламентарец тогаш реагираше, зашто содржината на писмото излегло во јавноста пред тој да го добие.

Во писмото до министерот Попоски од август годинава, Мијатовиќ наведува дека е вознемирена од големиот пад на слободата на медиумите и континуираната репресија врз медиумите и критичката мисла во земјата.

И покрај честите апели до Владата да одговори на ситуацијата и да покаже почит кон заложбите за слобода на медиуми на ОБСЕ, се чини дека ситуацијата се влошува“, напиша Мијатовиќ, пред повеќе од два месеци.

Во писмото, Мијатовиќ изразува загриженост за тоа што Советот на МРТ им го прекина мандатот на сите седум членови на Управниот одбор на МРТ на 31 јули, иако процесот за назначување на нови членови се уште не е започнат. Мијатовиќ изразува и загриженост за отказот на новинарот Тамара Чаусидис, од телевизија Алсат. Чаусидис е претседателката на синдиктот на новинари и медиумски работници. Мијатовиќ реагираше и на одземањето на фрекфенцијата на А1ТВ од страна на АЕК, што го оквалификува како контроверзно. Таа реагира и на затварањето на трите весници(Шпиц, Време и **** е ре).