Јемен-Салех повторно најавува повлекување

Претседателот на Јемен, Али Абдула Салех.

Американиот Стејт департмент соопшти дека претседателот на Јемен, Али Абдула Салех, му рекол на американскиот амбасадор во таа земја дека е посветен на планот да се повлече од власт поради политичкото насилство.
Салех и претходно најавувал повлекување, но не го остварил ветеното. Советот за безбедност на ОН и Соединетите американски држави го повикаа Салех веднаш да започне со трансферот на власта.