Се очекуваат резултати од изборите во Тунис

Денеска се очекуваат официјалните резултати од првите слободни избори во Тунис. Партијата Енахда веќе прогласи победа на изборите кој се одржаа во неделата, први во земјата од која се проширија востанија низ целиот регион. Два дена по рекордната излезност од 90 проценти, службениците се уште ги пребројуваат гласовите од некои населени места.