Претседателот на Словенија Данило Тирк ја потпиша одлуката за распуштање на парламентот со што почна предизборната трка за вонредните парламентарни избори на 4 декември. Тоа се први вонредни избори во таа земја откако во 1991 година прогласи независност од поранешна Југославија. Во септември парламентот не ја поддржа владата на премиерот Борут Пахор.