Собранието ќе расправа за извештајот на Европската Комисија

Собранието на Република Македонија денеска ќе расправа за Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година.
На дневен ред на оваа седница се и измените и дополнувањата на Законот за оружјето, Законот за странци, Законот за спречување на судир на интереси, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за град Скопје, сите во прво читање.
Собранието треба да расправа и по информацијата за алармантниот пораст на невработеноста и сиромаштијата во Македонија поднесена од пратеници од опозицијата.