Расправа за Иран во Комитетот за човекови права на ОН

Комитетот за човекови права на ОН денеска треба да ја започне расправата на која ќе се дискутира за намалување на смртните казни и на другите строги казни во Иран. Иранските претставници ќе бидат испрашувани од 18 независни експерти кои го сочинуваат Комитетот на ОН што ја следи имплементацијата на граѓанските и политичките права во светот. Иран ќе биде испрашуван два дена, а за тоа време ќе се разгледа извештајот за спроведување на правата напишан на 224 страни. Предвидено е расправата да резултира со заклучоци на експертите. Последен пат, ваков извештај за Иран пред Комитетот се нашол во 1993 година, кога експертите го осудиле екстремно високиот број на изречени и спроведени смртни казни.