САД нудат 10 милиони долари за информација за новиот лидер на Ал Каеда

САД денеска понудија 10 милиони долари награда за инфомација која ќе помогне да се уапси лидерот на Ал Каеда во Ирак Ибрахим Али Ал Бадри. Во соопштението на Стејт Департментот е наведено дека лидерот на Ал Каеда познат како Абу Дуа е додаден на листата на терористи. Ал Каеда во Ирак досега многупати презема одговорност за самоубиствени напади и најави дека ќе спроведе уште многу акции со цел да го одмазди убиството на Осама Бин Ладен.