Либиските бунтовници го заземаат Сирт

Борби во Сирт

Новите власти во Либија, навлегле во источнито дел на градот Сирт, кој беше упориште и родно место на соборениот лидер Моамер Гадафи. Извештаите велат дека се водат битки по улиците, а авионите на НАТО вршат воздушни напади врз цели на Гадафи. Силите на Националниот преоден Совет се обидуваа и досега да го заземат упориштето на Гадафи, но наидуваа на силен отпор од неговите лојалисти. Се уште не е познато каде точно се наоѓа Гадафи, но неговиот портпарот вчера изјави дека тој е во Либија, за да придонесе во борбата против новите лидери на северноафриканска земја.
Претходно италијанскиот енергетски гигант Ени соопшти дека вчера го обновиле производството на нафта во Либија по неколумесечен прекин поради војната во земјата. Минатата недела француската енергетска компанија ТОТАЛ соопшти дека рестетирала некои од капацитетите за производство.