Турците ќе бараат нафта и гас во Медитеранот

Измир, 23.09.2011

Турски брод, кај брегот на турскиот дел од Кипар ќе ги истражува можностите за екплоатација на нафта и гас. Турската телевизија денеска го прикажа бродот каго го напушта пристаништето Урла, кај Измир. До ова доаѓа како одговор на грчкиот дел на Кипар, кој најави подготовки за екплоатација на гас во источен Медитеран, во соработка со американска енергетска компанија.