Француски суд казни две жени за носење бурка во јавност

Францускиот суд денеска осуди две жени за носење бурка во јавност што е во согласност со забраната која стапи на сила во април. Двете жените се парично казнети и треба да платат по околу 100 евра. Франција е првата европска земја што забрани на жените да носат превези кои го покриваат лицето во јавност.Претходно во мај полицијата казни една жена што носела превез на лицето, но ова е прв пат судот да изрече казна. Се очекува годинава Французинка што носи нуџаб да ја објави својата кандидатура за претседателските избори кои ќе се одржат догодина.