Турција се придружи на антиракетниот штит на НАТО

Турција се согласи да биде инсталиран радарот од антиракетниот штит на НАТО на нејзнина територија. Во соопштението од Министерство за надворешни работи е наведено дека радарот има за цел да ја одбие ракетно-балистичката закана од соседен Иран, кој минатата недела и се закани на Турција дека инсталирањето на овој радар би довело до зголемување на тензиите во регионот. Анкара се согласи радарот да биде инсталиран во воената база Куречик, место што во минатото беше користено за слични цели. Воената база Куречик се наоѓа во привинцијата Малатија, околу 700 километри западно од иранската граница.