Ќе донесе ли некакви промени и ќе успее ли да се справи со натрупаните проблеми, новоформираниот Комитет за за туризам?
Ако сакаш некој проблем да не се реши никогаш, формирај комитет. Оваа мудрост на познатиот британски политичар и премиер Винстон Черчил, што многупати се потврдила во практиката, секогаш ја отвора дилемата во целисходноста и оправданоста при формирањето на различни тела. Во овој контекст, времето ќе покаже колку ќе биде успешна и ефикасна работата на првиот комитет за туризам, кој на чело со премиерот, со
членови вицепремиери, министри и раководители на државни
институции во соработка со стручњаци и локалните власти, на барање на туристичките работници неодамна се формира за координирана акција и операционализација на проектите, да се мрднат од место закочените состојби и да се решаваат натрупаните проблеми за унапредување на македонскиот туризам.
„Основна задача на комитетот ќе биде координација меѓу министерствата кои на било кој начин имаат допирна точка во развојот на туризмот, што не зависи само од една институција или личност, туку е еден мултипликатор кој ги поврзува другите дејности“, вели Зоран Стрезовски, директор на агенцијата за промоција на туризмот, единствен претставник на Охридскиот туристички сектор.
„Очекувам дека навистина ќе се работи на оние проблеми кои 20 години не беа ниту почнати да се решаваат, а се од суштински карактер, како судбината на детските одморалишта, камповите и сите елементи кои значат унапредување на туризмот. На првата седница го покренавме и проектот за електронско пријавување на странските туристи, од сместувачките капацитети нивната евиденција да пристигнува до МВР и веднаш од таму тоа електронски да оди во инспекциските органи во локалната самоуправа. Тогаш точно ќе знаеме колку всушност имаме странци, каде се тие сместени, каква е нивната структура и врз основа на тоа ќе можеме да преземамае и соодветна стратегија“, додава Стрезовски.
Тој смета дека треба серозно да се работи на подобрување на туристичката инфраструктура, на категоризација на објектите за сместување, промоција и настап на странските пазари и конечно усвојување на стратегијата за развој на туризмот. Според Стрезовски, ова лето во Охрид мина во знакот на бројните странски туристи, но поради урбаната експанзија со домашни туристи сместени во нивните станови и викендички, а не во приватниот сектор, што годинава потфрли.
„Но, поентата е дека и ние како охриѓани треба да работиме не само на подобрување на услугата туку и на менување на нашиот менталитет. Не смее да резонираме во стилот „сега што има земи, а за утре ќе видиме“, туку во еден подолг временски период со подобра и поквалитетна услуга да ја продолжиме и сезоната на туризмот“, вели Стрезовски.
Тој смета дека како туристички производи на Охридското и другите езера, треба да се форсираат културниот и езерски туризам, а во Македонија руралниот, планинскиот, винскиот и оние селективни видови на туризам за кои имаат потенцијал и се препознатливи различните региони во земјава.
Основна задача на комитетот ќе биде координација меѓу министерствата кои на било кој начин имаат допирна точка во развојот на туризмотЗоран Стрезовски, директор на Агенцијата за промоција на туризмот.
институции во соработка со стручњаци и локалните власти, на барање на туристичките работници неодамна се формира за координирана акција и операционализација на проектите, да се мрднат од место закочените состојби и да се решаваат натрупаните проблеми за унапредување на македонскиот туризам.
„Основна задача на комитетот ќе биде координација меѓу министерствата кои на било кој начин имаат допирна точка во развојот на туризмот, што не зависи само од една институција или личност, туку е еден мултипликатор кој ги поврзува другите дејности“, вели Зоран Стрезовски, директор на агенцијата за промоција на туризмот, единствен претставник на Охридскиот туристички сектор.
„Очекувам дека навистина ќе се работи на оние проблеми кои 20 години не беа ниту почнати да се решаваат, а се од суштински карактер, како судбината на детските одморалишта, камповите и сите елементи кои значат унапредување на туризмот. На првата седница го покренавме и проектот за електронско пријавување на странските туристи, од сместувачките капацитети нивната евиденција да пристигнува до МВР и веднаш од таму тоа електронски да оди во инспекциските органи во локалната самоуправа. Тогаш точно ќе знаеме колку всушност имаме странци, каде се тие сместени, каква е нивната структура и врз основа на тоа ќе можеме да преземамае и соодветна стратегија“, додава Стрезовски.
Но, поентата е дека и ние како Охриѓани треба да работиме не само на подобрување на услугата туку и на менување на нашиот менталитетЗоран Стрезовски, директор на Агенцијата за промоција на туризмот