Македонија прославува 20 години независност

Подготовки за прославата на 20-годишнината од референдумот за независност на Македонија.

Време е да се обединиме околу единствената заедничка партија - Македонија. Ова синоќа го изјави претседателот Ѓорѓе Иванов во своето обраќање на свечената академија во МОБ по повод 20 годишнината од независноста. Тој повика на меѓусебно почитување и да престанат делбите на стари и млади, на леви и десни, на предавници и патриоти. Иванов додаде дека земјата треба да ги оствари стратешките цели влез во ЕУ и НАТО и дека формалното приклучување на Македонија кон европското и евроатланското семејство ќе биде почеток на крајот на сите обиди за негирање на макеодонското постоење.
Централната прослава на независноста започнува денеска во 18 часот пред Собранието на Македонија.