Почнува втората фаза од ЕП во кошарка

Во Вилнус денеска стартува втората фаза од Европското првенство во кошарка. На програмата се натпреварите од Е групата: Германија – Шпанија (почеток 14:30 часот), Турција – Франција (почеток 17 часот) и Србија – Литванија (почеток 20 часот).
Во оваа група на чело на табелата е Франција која од првата фаза пренесе 4 бодови, пред Србија, Шпанија, Литванија и Турција кои имаат по 3, додека Германија е со 2 бода.
Репрезентациите од групата Ф каде игра Македонија имаат уште еден слободен ден, бидејќи утре ги играат првите натпревари, а двојките се: Македонија – Грузија (14:30 часот), Финска – Русија (17 часот) и Словенија – Грција (20 часот).
Македонија и Русија имаат по 4 бодови, пред Словенија и Грција кои имаат по 3, Грузија и Финска по